
Брегалница ја надигра Шкендија во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, беше многу блиску до триумфот, но изостанаа голови за да се заокружи целокупниот впечаток.
Сепак, изданието на „сините“ кое е можеби и најдоброто во пролетниот дел од сезоната им дава импулс повеќе за следниот предизвик кој веќе утре ја чека Брегалница на гостувањето против Силекс во Кратово.
Кратовци во првите два свои пролетни натпревари имаат две победи, против Шкупи и против Победа, па јасно е дека ја носат фаворитската улога. Но, сите во редовите на Брегалница се подготвени за максимално надигрување и желба за нов позитивен резултат.
„Одигравме навистина квалитетен натпревар против Шкендија. Противникот имаше само една можност во текот на целиот натпревар од слободен удар, а ние комплетно доминиравме пред се во второто полувреме, но за жал останаа нереализирани неколку 100% шанси. Целосно ја контролиравме играта и тоа е тоа што ни дава дополнителен мотив за понатаму“ – вели капитенот Даниел Мојсов.
„Факт е дека не чека тешко гостување во Кратово. Целосно го респектираме противникот кој покажа оваа пролет дека ќе се бори за највисок пласман. Но, ние ако имаме ист пристап кон играта како во претходните три средби и со една дисциплинирана игра верувам дека можеме до позитивен резултат во Кратово.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
