
Барселона нема да смее да купува нови играчи ова лето, изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, во интервју за шпанското радио „Естадио“. Каталонскиот гигант пред две години беше пред финансиски колапс, но со ново задолжување и договор со раководството на лигата сепак успеа да опстане, но под посебни услови.
Барселона мора да работи на таков начин што ќе гарантира финансиска стабилност, сѐ во договор со раководството на лигата. Минатото лето донесе бројни засилувања во клубот, а Тебас реши да не дозволи екстраваганција во следните два преодни рока.
„Барселона во јануари не смееше да донесе никого, а и на лето ќе добие забрана за влезни трансфери, изјави Тебас.
Избраниците на Чави Хернандез имаат резултатски многу добра сезона досега. И покрај испаѓањето од Лига Европа од Манчестер Јунајтед, тие сѐ уште имаат седум бода предност пред Реал Мадрид во првенството, а преостануваат уште 15 кола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
