Осмата последовна победа во Серија А го доближи Наполи уште повеќе до посакуваната цел – титулата, а тренерот на тимот Лучијано Спалети посебно го пофали настапот на Виктор Осимен и Станислав Лоботка. Сепак, тој беше критичен кон Марио Руи, кој доби директен црвен картон затоа што го удри Франческо Капуто без топка. Но, потенцираше дека Наполи ќе победува и со десетмина додека фудбалерите како Елиф Елмас се борат за секоја топка.
„Тоа не беше знак на зрелост, но останатите играчи се собраа и реагираа на најдобар начин по црвениот картон. Нашите играчи од средниот ред делуваа со голема одлучност, нивните лица покажаа дека се подготвени на сѐ за да ги добијат трите бода. Лоботка е добар не само кога тимот ја има топката, туку и кога е неопходно да се запре противнападот на противникот. Тој е способен да собори секого, дури и многу повисоки и посилни фудбалери“, изјави Спалети.
„Кога фудбалерите како Елмас работат толку интензивно и се борат за секоја топка, можеме да се носиме дури и со еден човек помалку. Емполи се потпира на многу трчање и моравме да одговориме исто. Моите играчи заслужуваат огромни честитки за денешниот настап“, продолжи искусниот специјалист.
„Осимен е вистински лидер, излегува со правилен став и игра за тимот. Понекогаш тоа му попречува бидејќи вложува многу напор за пресинг и се заморува, поради што греши. Но, неговиот однос на секој натпревар е за пофалба“, истакна тренерот на Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













