
Лидерот Гостивар беше убедлив на гости кај Каменица Саса со 0-3, а важен триумф оствари и Вардар кој со гол во 95.минута победи со 0-1 на гости против Охрид Лихнидос.
Пелистер ја победи Беса на гости со 1-2, а славеше и Воска Спорт против Пехчево (Локомотива) со 1-2.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар дојде до победа со голот на Владимир Жоглев во 95.минута од мечот. Тој беше „златната резерва“ за Бобан Грнчаров на денешниот меч на „Билјанини извори“ во Охрид.

Гостивар постигна три гола во второто полувреме против Каменица Саса. Виктор Крстевски погоди за водство во 50.минута, а во финишот Антонио Каланоски беше двоен стрелец.
Пелистер славеше на гости кај Беса со 1-2. Томе Китановски и Бојан Спиркоски се погрижија за пресврт откако Артан Велиу во осмата минута донесе водство за Беса.
Воска Спорт победи во Скопје против Пехчево со 1-2, со двата гола на Бехар Фета. За домаќинот погоди Сумер Хасан.
Детонит Плачковица со 1-0 го победи Тетекс, со голот на Иван Настевски, додека Арсими славеше со 2-1 против Кожуф со гол во судиското продолжение што го постигна Ерион Шуку. За домаќинот стрелаше и Шпенд Асани, а Тони Мичковски беше стрелец за Кожуф на овој дуел.
Беласица на гости го победи Борец со 0-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион
