
Струга Трим Лум не победи на стартот на пролетта против Тиквеш (1-1), а фудбалерите на есенскиот првак имаат нова шанса да го сторат тоа на денешниот дуел против Македонија ЃП, воведен од 20.коло во Првата фудбалска лига.
Меџит Незири, кој дојде зимава како засилување за тимот на Струга ТЛ, денеска (14 часот) ќе дебитира пред домашната публика.
„Дуелот со Тиквеш за мене беше деби во дресот на Струга Трим Љум на официјален натпревар. Можам да кажам дека впечатокот и чувството беа многу позитивни. Се чувствував многу добро на теренот, додека единствената маана беше што не го добивме натпреварот. Струга Трим Љум има сила и квалитет да извлече целосни бодови од овој натпревар што ќе го одиграме пред нашите навивачи. За мене и за некои нови играчи ова ќе биде прв пат да играме пред публика, па ги повикувам да бидат во што поголем број за да ни ја олеснат работата за три бода, бидејќи ова е единствената цел. Ќе дадеме сѐ од себе сите бодови да останат во Струга и се надевам дека на крајот од средбата ќе славиме заедно“, изјави Меџит Незири.
Останатите натпревари од 20.коло се играат утре, а се среќаваат: Скопје – Тиквеш, Работнички – Брегалница, Силекс – Шкупи, Шкендија – Победа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
