
Лидерот Струга Трим Лум ја стартуваше пролетта со реми (1-1) на дуелот против Тиквеш во Кавадарци. Сега тимот на Срѓан Захариевски има само еден бод предност на врвот на табелата пред Шкупи.
Сепак, стратегот на Струга ТЛ вели дека ремито а најреален исход на вчерашната пресметка.
„Пред сѐ честитки за сите актери на натпреварот, кој по мое мислење беше над просекот на македонскиот фудбал. Честитки од аспект на борбеност, акции, шанси, доста тензичен натпревар и пред се убави голови, каде мора да се истакне голот на нашиот играч, Валентин Кочоски. Можам да кажам дека имавме повеќе од играта и дека создадовме шанси, но сепак кога ќе се собере сѐ, мислам дека нерешениот резултат е реален, бидeјќи ние имавме негатива од првото полувреме”, изјави Срѓан Захариевски.
Во следното коло, Струга Трим Лум на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
