Connect with us

Конте: Една грешка беше фатална за нас во Милано

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, останува оптимист дека неговиот тим ќе се квалификува во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа што загуби со 1-0 од Милан на „Сан Сиро“.
Италијанскиот стручњак изјави дека натпреварот бил рамноправен, но една грешка доведе до гол во корист на „росонерите“.


„Се покажа како интензивен и рамноправен натпревар. За жал, многу рано примивме гол. Можевме значително подобро во оваа ситуација. После тоа на Милан му стана полесно. Не ни оставија слободни простори, што ни отежна. Но, сите знаеме дека конечниот победник се решава по вториот натпревар. Двата тима беа без клучни играчи поради повреди, а нашата ситуација тешко дека ќе биде поинаква и на реваншот. Честитки за Милан, тие дојдоа до важна предност“, изјави Антонио Конте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови