Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман, го сподели своето мислење за претстојниот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Првиот натпревар е вечерва на „Паркот на принцовите“, a Коман се враќа во Париз каде ја почна кариерата.
„Ги победивме последните три натпревари. Мораме да пристапиме со самодоверба и позитивно расположение. Во фудбалот секогаш има тешки моменти. ПСЖ е одличен тим, но сѐ е можно во Лигата на шампионите. Се надевам дека Баерн ќе излезе победник од двомечот“, изјави Коман.
Тој се потсети и на финалето во ЛШ меѓу двата тима во 2020 година. Тогаш Французинот го постигна победничкиот гол за Баерн.
„Несомнено, тоа е еден од најголемите моменти во мојата кариера. Тој гол ми даде крилја. Помина многу време, но остана прекрасен спомен. Сепак, сега е ова сосема нов дуел“, изјави Коман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













