Connect with us

Украински фудбалер преживеал троен срцев удар

Украинскиот фудбалер Олег Данченко, доживеа троен срцев удар на подготовките на Зорја во Турција. Данченко колабирал на тренинг, а го спасиле австриски лекари кои биле во близина и имале дефибрилатор.


Тој е префрлен во болница.

Срцето му застанало трипати, бил клинички мртов, но лекарите успеале да ја стабилизираат неговата состојба.

Данченко во Зорја настапува како позајмен од грчкиот клуб АЕК. Пред АЕК играше за Рубин, Уфа, Шахтјор, Јенисеи, Анжи, Черноморец, Хмелницки и за Металург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови