Марио Ѓуровски беше провокативна фигура на Тајланд како фудбалер, стави одличен впечаток, а сега почнува нова епизода, тренерска, како предводник на Муангтонг Јунајтед, клубот каде и мина дел од фудбалската кариера. Вели дека ќе биде офанзивец и како тренер.
„Ќе нападнам и како тренер, не знам поинаку. Тоа е во крвта, тоа е моето гледиште за фудбалската игра. Ако си подобар, одиш да го победиш противникот“, вели Марио Ѓуровски.
Поранешниот македонски репрезентативец вели дека Горан Пандев е најдобриот со кого играл во ист тим во кариерата.
„Никогаш нема да ги заборавам моментите во фудбалската репрезентација на Македонија. Мирсад Јонуз ме повика и ми даде шанса, му должам голема благодарност, а не го заборавам ниту легендарниот Џон Тошак. Тогаш играв за Македонија, а бев резерва во Металург Доњецк. И да, посебен е впечатокот за Горан Пандев, мајстор на фудбалот, најдобар со кој некогаш сум бил во еден тим“, истакнува Марио Ѓуровски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб













