Со победата над Севилја (3-0), лидерот Барселона побегна на осум бода предност во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига.
Сепак, тренерот на каталонскиот тим, Чави Хернандез, не смета дека битката за титулата е завршена.
„Ние сме на врвот со осум бода пред Реал и тоа е важно водство, но првенството во никој случај не е решено. Има уште многу натпревари за играње, Реал може да победи секого во секое време и Реал доаѓа на „Камп Ноу“. Не, Ла Лига никако не е завршена“, изјави Чави.
„Реал е мртов? Толку пати докажаа дека се способни да направат големо враќање. За жал, тоа го доживеав како играч и не би сакал да го доживеам сега како тренер. Без разлика на нашата предност, фаворит за освојување на Ла Лига е Реал Мадрид. Затоа што е актуелен шампион на Шпанија и на Европа. Ние сме кандидати за титулата“, истакна Чави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













