Интер го доби градското дерби против Милан со 1-0 и практично е единствениот тим кој продолжува да го следи лидерот Наполи иако бодовната предност е двоцифрена. Лаутаро Мартинез беше стрелец на голот што им донесе триумф на „нероаѕурите“.
Тој погоди со удар со глава по корнерот на Чалханоглу во 34.минута од дуелот.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли на стартот изведе дефанзивна формација, го остави Рафаел Леао на клупата и тоа не му донесе ништо добро. Интер доминираше и заслужено дојде до предност.
Во вториот дел Милан се обиде да израмни, но без ефект.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal