Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше разочаран од играта на неговиот тим и поразот од Тотенхем со 1-0. „Граѓаните“ не успеаја да ја намалат разликата со Арсенал во трката за титулата, а Гвардиола е песимист дека неговиот тим ќе успее да стигне на врвот.
„Не сме во ситуација да размислуваме за титулата, само треба добро да се подготвиме за следниот меч со Астон Вила и да го одиграме како што можеме“, изјави Пеп по поразот од Тотенхем.
„Тотенхем има фантастичен состав и секогаш може да ве казни. Имаат исклучително квалитетни играчи во нападот и не им треба многу за да ги постигнат своите цели. Рекордот на Хари Кејн? Тој целосно го заслужува тоа. Навистина прекрасен играч и сакам да му честитам во името на Манчестер Сити“, додаде Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













