Мајорка го победи Реал Мадрид со 1-0 и направи големо изненадување, а секако и голема услуга за Барселона во трката за шампионската титула во Ла Лига. „Кралевите“ беа без Карим Бензема и без Тибо Куртоа кој се повреди на загревањето, а Анчелоти ги остави на клупата и Модриќ и Крос.
Тоа Мајорка знаеше да го искористи.
Во 13.минута, по акцијата на Муричи, топката се одби од Начо Фернандез и го изненади украинскиот голман Лунин кој беше на голот на Реал Мадрид.
Марко Асенсио имаше можност за израмнување во 59.минута, но голманот Рајковиќ го одбрани неговиот удар.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













