
Иднината на Мејсон Маунт во Челси е неизвесна откако играчот ја одби првичната понуда на клубот за нов договор. Актуелниот договор на Британецот завршува во јуни 2024 година, а лондонскиот гигант е подготвен да го задржи играчот од средниот ред подолго време на „Стемфорд бриџ“.
Сепак, Мејсон Маунт ја одби првата понуда, бидејќи смета дека платата што му се нуди е под нивото на главните играчи во тимот, како и новите засилувања кои пристигнаа во зимскиот преоден рок.
Маунт сака сериозно зголемување на платата од 80.000 илјади фунти, но раководството на Челси не е подготвено да ги исполни неговите барања.
Сепак, разговорите меѓу двете страни се очекува да продолжат во одреден момент од оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
