Фудбалерите на Ливерпул доживеаја нов дебакл во Премиер – лигата, откако загуби од Вулверхемптон со 3-0. „Црвените“ на последните четири меча немаат победа, а на три од нив примија по три гола.
Менаџерот Јирген Клоп нема ни објаснување за овој пораз.
„Нема оправдување за овој пораз, едноставно не можам да го објаснам натпреварот. Пристапот на тимот мора да се менува, а јас се извинувам за резултатите. Нема објаснување, сакам да бидеме сосема поинаков тим на наредниот натпревар“, изјави Јирген Клоп.
Ливерпул оваа сезона е многу далеку од формата од минатата кога се бореше за шампионската титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













