
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека неговиот тим не чувствува притисок во трката за титулата по поразот од Евертон во дебито на Шон Дајш на чело на „карамелите“. Тоа беше само втор пораз за „топчиите“ оваа сезона.
“Мислам дека моите играчи не се под притисок. Одигравме многу такви натпревари во текот на сезоната. Но, честитки за нив, затоа што тренираат напорно секој ден. И знам дека ќе се вратиме и после овој пораз. Сакам тимот да знае колку ги сакам. Ги сакам многу повеќе сега отколку пред три часа, пред една недела, пред еден месец или пред три месеци“, изјави Артета.
„Патувањето е долго и ќе биде тешко, со големи карпи на патот, но мораме да ги надминеме. Сега мораме добро да се подготвиме во текот на неделата за да го победиме Брентфорд следниот викенд“, смета менаџерот на Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
