
Фудбалските клубови Црвена звезда и Војводина на денешниот натпревар во Белград уште еднаш се простија од легендарниот српски играч и тренер Синиша Михајловиќ, кој почина во декември по долга борба со леукемија.
Семејството на Синиша Михајловиќ присуствуваше на мечот. Врамени дресови на Црвена Звезда со броевите „8“и „11“ им беа подарени на неговите синови, како и на неговиот брат кој беше присутен на натпреварот.
Фудбалерите на Црвена Звезда излегоа на теренот во специјално дизајниран дрес со крената крагна во чест на Михајловиќ. Дресовите ќе бидат ставени на аукција по натпреварот, а парите ќе бидат донирани во Националниот регистар на дарители на матични клетки при Институтот за трансфузија на крв на Србија.

Навивачката група „Делије“ направи фантастична кореографија за ликот на Синиша Михајловиќ.
На натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“ присуствува и соиграчите на Михајловиќ – Драгиша Биниќ, Стеван Стојановиќ, Владимир Југовиќ, Илија Најдоски, Горан Василијевиќ, Ивица Момчиловиќ, како и тренерот Љупко Петровиќ.
На Собранието на клубот едногласно беше усвоен предлог западната ВИП трибина да се именува по Синиша Михајловиќ.
Поранешниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ почина на 16 декември на 54-годишна возраст.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
