Милан Шкриниар, кој веќе има преддоговор со Пари Сен Жермен за слободен трансфер на лето, не е веќе меѓу капитените на Интер. Ова го соопшти тренерот Симоне Инзаги во пресрет на миланското дерби.
Словачкиот интернационалец се обиде да го напушти клубот уште во јануари, но управата не ја прифати понудата на ПСЖ. Шкриниар досега беше четврти капитен на тимот.
„Поради тоа што се случи, Милан нема да ја носи капитенската лентата. Имавме мирен разговор со него за тоа. Нашиот стартен капитен е Самир Хандановиќ, а потоа следуваат Брозовиќ, Лаутаро и Д’Амброзио. Изборот е направен врз основа на натпреварите одиграни за клубот“, објасни тренерот Инзаги.
Без разлика на сѐ, Инзаги ќе продолжи да се потпира на Шкриниар, и тој најверојатно ќе биде стартер на дербито.
„Не го осудувам за неговиот избор. Милан е уникатен фудбалер и одлично момче. Работи напорно на тренинзите и најверојатно ќе биде во составот“, истакна тренерот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













