Челси не го пријави Пјер – Емерик Обамејанг за настап во Лигата на шампионите до крајот на сезоната, а не беше ниту меѓу резервите на синоќешниот меч против Фулам (0-0) во Премиер – лигата.
Менаџерот Грем Потер со интересен став, дека интернационалецот од Габон не направил ништо погрешно, но некој морал да отпадне.
„Немам никаков проблем со Пјер, тој не направи ништо погрешно. Едноставно немаше среќа, некој мораше да отпадне. Тој ќе се бори рамноправно за своето место во тимот до крајот на сезоната“, изјави Грем Потер.
Обамејанг досега одигра 11 средби за Челси и не импресионираше со своите игри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













