Стрелецот на англискиот премиерлигаш Лидс, Родриго Морено, ќе биде надвор од терените во следните два месеци поради повреда на скочниот зглоб, соопштија од клубот.
Во официјалното соопштение на веб-страницата на Лидс се вели дека 31-годишниот шпански напаѓач скршил коска и ги оштетил лигаментите на глуждот. Повредата ја заработи при удар на противнички играч на натпреварот од ФА Купот со Акрингтон, кој Лидс го доби со 3-1.
Морено бил подложен на мала операција за да се реши проблемот и се очекува да се врати на теренот на крајот на март.
Фудбалерот досега има 10 гола во сезоната, шест повеќе од вториот стрелец, соиграч Кристијано Сомервил. Повредата на Шпанецот ќе биде вистински тест за Лидс во наредните два месеци бидејќи по 19 кола се наоѓа на 15. место во Премиер – лигата, бод и три места над зоната за испаѓање.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













