Connect with us

Челси го претстави Енцо Фернандез: Среќен сум што ќе бидам дел од гордоста на Лондон

Челси официјално го претстави своето ново ѕвездено засилување, Енцо Фернандез. Репрезентативецот на Аргентина дојде од Бенфика за 121 милион евра во последните минути од зимскиот преоден рок.


Договорот на играчот од средниот ред е на осум и пол години. Тој ќе го носи дресот со број „5“.

„Благодарен сум на Челси и на шефовите на клубот, кои направија сѐ што е можно за да бидам дел од овој проект“, сподели Аргентинецот.

„Среќен сум и возбуден што ќе се приклучам на гордоста на Лондон, ќе играм во најдобрата лига во светот и ќе се борам за најголемите трофеи. Едвај чекам да играм пред нашите навивачи и да им помогнам на моите соиграчи на теренот и надвор од него“, додаде Енцо Фернандез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови