Играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ ги продолжи тренинзите со Интер. Хрватот се врати на тренинг на „нероаѕурите“ заедно со капитенот Самир Хандановиќ. Тандемот ќе му биде на располагање на тренерот Симоне Инзаги на дербито против Милан в недела.
Брозовиќ не стартувал за миланскиот гигант од септември минатата година кога се повреди. Тој беше во селекцијата на својата земја за Светското првенство во 2022 година, но кога се врати во Италија остана надвор од теренот поради уште една повреда на бутниот мускул.
„Уверен сум дека Марсело и Самир ќе бидат во тимот за натпреварот в недела. Двајцата тренираат со останатиот дел од тимот без никакви проблеми. Знаат дека се важни за нас на претстојните натпревари до крајот на сезоната”, изјави Симоне Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal