
Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето на Карабао купот откако победи и во реванш полуфиналето против Нотингем Форест со 2-0. Тимот ќе има шанса да се бори за првиот трофеј откако Холанѓанецот го презеде клубот.
Менаџерот Ерик тен Хаг призна дека едвај чека да се соочи со Њукасл на „Вембли“.
„Штом победиме и продолжиме понатаму, сѐ е во ред. Да бидам искрен, првото полувреме не беше добро. Го одигравме професионално, но темпото беше премногу бавно. Не создадовме многу шанси, но во исто време дозволивме две добри шанси за противникот, што не треба да се случи. Во вториот дел одигравме многу подобро, со повеќе темпо и постигнавме убави голови“, изјави Тен Хаг.
Во врска со претстојното финале со Њукасл, тој е оптимист.
„Секако дека со нетрпение го очекуваме. Одиме на „Вембли“ и ќе се соочиме со Њукасл, кој е одличен тим. Но, тоа е уште далеку и добро ќе се подготвиме“, истакна холандскиот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
