
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше воодушевен од настапот на неговиот тим на натпреварот против Бетис кој го доби во Севилја со 1-2. По овој успех, каталонците имаат точно 50 бода на половина од сезоната, а досега примија само седум гола.
Тренерот беше полн со пофалби за своите играчи и рече дека одиграле брилијантен натпревар.
„Многу сум задоволен од играта. Многу ги подобривме нашите перформанси во однос на средбата со Џирона. Одигравме брилијантен натпревар. Најважно беше да не ја изгубиме топката и завршивме одлична работа со тоа. Доминиравме од почеток до крај“, изјави Чави.
Тој го пофали и настапот на Рафиња за кој се шпекулираше дека ќе си замине летото.
„Рафина се снајде добро, не само поради постигнатиот гол, туку и поради работата што ја заврши во одбраната. Во последно време е многу критикуван, но тој всушност многу работи за тимот и ние многу го цениме“, изјави стратегот на Барса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
