Connect with us

Комити побараа: Решение за ФК Вардар – веднаш!

Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар повторно е во екстремно лоша финансиска ситуација. Иако ги стартуваа подготовките, тие доцнат речиси дваесетина, а и поголем дел од фудбалерите си заминаа од „црвено-црниот“ табор. Јасно е, проблем се финансиите и најголемиот македонски бренд повторно е доведен до работ на егзистенцијата.

И повторно „Комити“ се тие кои ги влечат клучните чекори и туркаат за клубот да не биде оставен на цедило, или уште полошо – да згасне!

„Решение за ФК Вардар – веднаш!“, порачаа „Комитите“. На ракометниот меч меѓу Вардар и Партизан во СЕХА лигата присуствуваа и фудбалерите на Вардар, кои добија поддршка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови