Интер се обиде да го доведе францускиот репрезентативец Бенџамин Павар од Баерн Минхен во последниот ден од зимскиот преоден рок. „Нероаѕурите“ испратија понуда до Баерн и му предложија на Павар да игра како централен дефанзивец, позиција на која Французинот сака да игра иако често е принуден да игра на позицијата десен бек.
Сепак, Баерн одби да се откаже од Павар, и даде негативен одговор по кратки преговори со Интер. Сега Баерн Минхен сака да му го продолжи договорот и да го користи како стопер. Сето тоа откако Жоао Кансело беше доведен на позицијата десен бек.
Пред неколку недели Павар сакаше да се пресели во Барселона која влезе во преговори, а интерес покажа и Реал Мадрид, но на крајот ништо не се случи и Павар остана на „Алијанц арена“.
Павар беше светски шампион со Франција во 2018 година и светски вицешампион во 2022 година. Тој има важечки договор со Баерн до летото 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













