![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/02/heitinga-ajaks.jpg)
Џон Хеитинга, кој досега беше асистент во стручниот штаб, ќе продолжи да го води Ајакс барем до крајот на оваа сезона. Поранешниот тренер Алфред Шројдер доби отказ откако имаше седум натпревари без победа, што не му се случило на Ајакс од 1965 година.
Актуелниот шампион на Холандија во вториот дел од сезоната влегува од петтото место на табелата, со дури седум бода помалку од лидерот и најголемиот ривал Феенорд.
Холандските медиуми пишуваат за тренерите кои го одбиле Ајакс. Раководството имало контакти со Маурисио Покетино, Марсело Биелса, Луј ван Гал и со Златко Далиќ, но на крајот ниту еден од нив нема да работи во гигантот од Амстердам.
Покетино е без работа од летото минатата година и неговото заминување од ПСЖ, но поранешниот тренер на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем одби да дојде во Амстердам.
Уште еден познат Аргентинец, Марсело Биелса, исто така го одбил Ајакс. Тоа го направи од истите причини зошто не сакаше да го преземе Евертон, пишуваат Холанѓаните. на Биелса не му се допаѓа преземањето клубови среде сезона затоа што тој самиот не го составил тимот.
Луј ван Гал, кој од 1991 до 1997 година со Ајакс освои многу трофеи, исто така одбил да се врати во клубот во кој се прослави. Ван Гал неодамна го заврши третиот мандат како селектор на Холандија, а на лето ќе наполни 72 години.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/luk-so-junajted-4-80x80.jpg)
Меѓународен фудбал
Лук Шо повторно се повреди и ќе отсуствува еден месец
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/FB_IMG_1738680708582-80x80.jpg)
Прва лига
Беса убедлива на тестот со Брегалница
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/Gi9eFDdWgAEJ9t5-80x80.jpeg)
Евро-фудбал
Алфонсо Дејвис останува во Баерн до 2030 година
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/FB_IMG_1738696144210-80x80.jpg)
Интернационалци
Висар Муслиу потпиша за Сент Труден
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250204_175211-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Милан го промовираше Жоао Феликс
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/10/luka-stankovski-radnicki-kraguevac-2-80x80.jpg)