
1) Енцо Фернандез: Од Бенфика во Челси
Тоа е најголемиот трансфер во Премиер – лигата. Дојде во последниот ден од преодниот рок, платен е 121 милион евра. Челси ќе го плати на 6 рати. Договорот за светскиот првак со Аргентина е до 2031 година.
2) Михајло Мудрик: Од Шахтјор во Челси
Челзи е апсолутен рекордер во овој преоден рок, го доведе и Мудрик за околу 70 милиони евра од Шахтјор. Трансферот за овој крилен напаѓач би можел да се искачи на 100 милиони евра. Тој го потпиша договорот на осум и пол години.
3) Ентони Гордон: Од Евертон во Њукасл
Платен околу 45 милиони евра, Евертон не можеше да го одбие тоа за играч кој постигна 7 гола на 65 натпревари во Премиер – лигата.
4) Коди Гакпо: Од ПСВ во Ливерпул
Ливерпул донесе засилување, практично украде играч од Манчестер Јунајтед кој беше многу блиску до доведување на овој играч. Исплатени се околу 40 милиони евра.
5) Беноа Бадијашил: Од Монако во Челси
Дефанзивецот пристигна за околу 38 милиони евра. Тој е под договор до 2030 година, нешто што Челси го прави оваа зима е неверојатно.
6) Нони Мадуле: Од ПСВ во Челси
Дојде во Челси за околу 35 милиони евра. Потпиша договор на седум и пол години.
7) Мало Густо: Од Лион во Челси
Овој 19-годишен фудбалер за 30 милиони евра стана фудбалер на Челси, а веднаш беше вратен на позајмица во Лион. Тој игра на позицијата десен бек.
8) Жоргињо Ратер: Од Хофенхајм во Лидс
Лидс направи рекорден трансфер. Сепак, тој постигна само два гола на 15 натпревари во Бундес-лигата. Вредноста на трансферот е нешто помала од 30 милиони евра.
9) Леандро Тросар: Од Брајтон во Арсенал
Кога не можеа Мудрик, го донесоа Тросар. Може да игра на многу позиции, тој е исклучително благодарен фудбалер, а пристигна за околу 25 милиони евра.
10) Данго Утара: Од Лориен до Бурнмут
Фудбалерот од Буркина Фасо потпиша петгодишен договор. Доаѓа за околу 24 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
