
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, жестоко ги критикуваше фудбалерите за играта во изненадувачкиот пораз од 0-2 на домашен терен против Монца. Тој беше екстремно незадоволен од настапот во првото полувреме од мечот, кога тимот дозволи да прими два гола.
„Мислам дека никогаш не сме имале толку очајно прво полувреме и мораме да размислуваме за тоа. Беше подобро по паузата, но мораме да ја преземеме одговорноста за севкупниот настап. Аркадиуш Милик има повреда на мускулот и ќе отсуствува извесно време. Натпреварот со Аталанта беше чуден, но ја гледам статистиката – на три натпревари освоивме еден бод и примивме десет гола, вклучувајќи ги и овие многу „лесни“ против Монца. Тие поминаа преку нас со срамна леснотија. Бевме бавни и не реагиравме по нивниот прв гол, кој беше поништен, но требаше да ни биде предупредување. Направивме премногу грешки и немавме соодветен менталитет. Ставот во вториот дел беше сосема поинаков, но на крајот, сепак, загубивме“, изјави Алегри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
