Connect with us

Амајлијата Јане дојде да им посака среќа на фудбалерите на првиот тренинг (ФОТО)

Мисијата „пласман на Европско првенство“ официјално почна да се реализира со првиот тренинг на националниот тим. На него капитенот Горан Пандев ги поведе момците, а дојде да им посака среќа и малиот херој Јане, амајлијата на фудбалските репрезентативци.

„Италијанците“ Горан Пандев, Елиф Елмас се тука, утре ќе се приклучат и „шпанците“ Енис Барди, Александар Трајковски и Столе Димитриевски, прв пристигна Стефан Ристовски, дојдоа и Висар Мислиу и Бобан Николов, како и Тохимир Костадинов, Ѓоко Зајков…

Селекторот Игор Ангеловски полека го склопува мозаикот и очекува да види каква ќе биде разврската со Аријан Адеми и со Кире Ристевски. Едниот е повреден, другиот до неодамна имаше коронавирус. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови