Македонскиот прволигаш Работнички објави дека потпиша прв професионален договор со најновиот голем бисер од младинската школа, голманот Амар Хаџибулиќ.
„ФК Работнички со гордост го објавува првиот професионален договор со големиот талент, голманот Амар Хаџибулиќ. 16-годишниот чувар на мрежата е најновото име кое доаѓа како производ од одличната работа во пионерско-младинската академија на клубот“, објави ФК Работнички на официјалниот сајт.

Амар Хаџибулиќ треба да биде најновото голманско откритие кое ќе чекори по стапките на Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков, одличните голмани кои заминаа во странство од редовите на ФК Работнички.
Амар Хаџибулиќ е репрезентативец на Македонија во селекцијата до 17 години. Тој е син на поранешниот истакнат кошаркар на КК Работнички, Енес Хаџибулиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













