Фудбалската федерација на Македонија го започна процесот и постапката за лиценцирање на клубовите во машка и женска конкуренција за добивање право на настап во рамки на европските натпреварувања во организација на УЕФА.
Одделот за лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија веќе одржува работни состаноци со клубовите со цел детално претставуваење на новите правилници за клупско лиценцирање и условите кои клубовите треба да ги исполнат за да добијат можност да учествуваат во европските клупски натпреварувања.
Девет фудбалски тимови од Прва МФЛ (Струга Трим Љум, Работнички, Силекс, Скопје, Брегалница, Шкендија, Шкупи, Тиквеш и Македонија Ѓ.П.) се влезени во процесот на лиценцирање, додека во женска конкуренција вкупно четири клубови (Тиверија, Саса, Љуботен и Скопје) учестуваат во процесот за клупско лиценцирање.
„Генерално, клубовите кои се пријавени за клупско лиценцирање се запознаени со целокупната постапка, односно исполнувањето на критериумите предвидени во правилниците на УЕФА. Условите кои се пропишани, сметаме дека релативно лесно можат да се исполнат од страна на клубовите. Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на сите пријавени клубови им стои на располагање во однос на консултативни и стручни прашања, но многу поважно и поддршка во исполнувањето на критериумите за условите на стадионите, еден од најважните критериуми за лиценцирање“, вели Горанчо Костовски, лиценцен менаџер во ФФМ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski