Connect with us

Во Атлетико згрозени од однесувањето на своите фанови кои го „обесија“ Винисиус Жуниор на мост

Неверојатни сцени му претходат на мадридското дерби во Купот на Шпанија. Навивачите на Атлетико Мадрид обесија од мост кукла со ликот на фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, и на тој начин испратија мрачна порака до бразилскиот фудбалер. По ваквиот страшен чин реагираше клубот Атлетико Мадрид како и раководството на Ла Лига.


До обесената кукла стоеше натписот „Мадрид го мрази Реал“.

„Ваквите дела се целосно одбивни, неприфатливи и срам за нашето општество. Ривалството меѓу нашиот клуб и Реал Мадрид е на максимум, но и нашата почит е на максимум. Никој, без разлика на нивните ставови или бои, не смее да го загрозува соживотот на нашите два клуба“, објави Атлетико Мадрид.

И шпанското фудбалско првенство ги осуди ваквите сцени.

„Силно ги осудуваме актите на омраза и заплашување на кои беше изложен Винисиус. Како и секогаш кога станува збор за вакви работи, нашата лига ќе спроведе истрага и ќе бара најстрога можна казна за сторителите“, се вели во соопштението од Ла Лига.

Натпреварот помеѓу Реал и Атлетико ќе се одигра в четврток од 21 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на четврт-финалето на Купот на Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови