
Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, призна дека тимот одиграл лошо во првото полувреме против Келн, но бил задоволен од она што го видел во вториот дел од натпреварот.
Баварците на „Алијанц Арена“ се намачија да стигнат до реми (1-1) и сѐ уште немаат победа во Бундес-лигата по продолжението на шампионатот.
„Замените беа одлични и во вториот дел добро стоевме на теренот. Келн бранеше многу длабоко во својата половина и ни ја отежна работата. Да постигневме гол порано, ќе им беше многу тешко. Но, нашиот настап во второто полувреме е она што сакам да го видам. Убеден сум дека ќе се вратиме со добри резултати доколку демонстрираме исто ниво 90 минути“, изјави Нагелсман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
