
Следното Светско првенство во фудбал кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, ќе внесе и голема новина, пред се за бројот на учесниците. На тоа натпреварување ќе има 48 селекции, што однапред ќе влијае и на изгледот на квалификациите.
Посебно е интересно што Европа наместо досегашните 13 ќе даде 16 претставници.
Според сегашниот модел, десетте победници на групите би обезбедиле директно учество.
Вицешампионите би играле плеј-оф со уште две најдобри селекции од Лигата на нации.
Идејата која најверојатно ќе заживее и ќе ја поддржи УЕФА, се однесува на формирање на 12 квалификациски групи со четири или пет екипи.
Победниците би оделе директно, а преостанатите четири учесници од Европа би се решавале во бараж.
Аргентина годинава ја освои титулата светски првак, а овој модел на квалификации во голема мера го одредува патот и за репрезентацијата на Македонија до Мундијалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
