Пишува: Никола Ѓуровски
Мразам кога има еуфорија, ама само затоа што сите се прават „стручњаци“. Но, тоа во Македонија секако одамна не може да се одбегне. Сепак, фановите се тука да навиваат, селекторот да одлучува, а новинарите да сугерираат. Не да ја „нагаѓаат“ формацијата, туку да укажат како треба да изгледа Македонија на утрешниот историски меч за пласман на Европското првенство.
Потајно се надевав дека Аријан Адеми ќе смогне сили, затоа што е цврсто момче кое издржа и допинг-афера за која не беше виновен, и ќе го одработи денешниот официјален тренинг, и знам дека ќе сака да игра дури и ако треба – само со една нога. Секако, се надевам дека ќе биде барем 80% здрав и способен да настапи во големата битка против Грузија.
Не е лесно да се игра со болки во предната ложа, но не е лесно ниту да се оствари историски пласман на ЕП. И за мене нема дилеми, ако Аријан Адеми рече дека може, тогаш дефинитивно треба да биде стартер утре против Грузија.
Затоа што „дупката“ во средниот ред би била и преголема доколку ги немаме и Адеми и Барди. Шокот е огромен со неговото останување во Скопје и болките во ’рбетот.
Адеми е класа играч, европски калибар, носи цврстина пред одбраната, мудрост и паметни потези во критична ситуација, има неверојатен преглед на играта и способност со еден потег да донесе предност во поле и да го промени текот на натпреварот. Искусен е, со многу европски натпревари во нозете, знае и да се чува ако е тоа потребно, да не „изгори“ иако е повреден.
Адеми ќе ја донесе потребната смиреност и за Алиоски лево и за Стефан Ристовски или Тихомир Костадинов десно, и како што стојат работите, Бобан Николов и Елиф Елмас во маневарот. Умее да подзастане кога треба, да влезе во оган треба, да повлече напред брзо кога треба…Умее да го пронајде Горан Пандев во нога, умее да отвори на крилните позиции, да се придодаде во нападот.
Селекторската е последна, зборот на Адеми и тоа колку е здравствено способен ќе биде приоритетно, но, тој да биде стартер и е повеќе од потребно утре на Македонија, дури и ако е – со една нога!
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski