Connect with us

Последната дилема на Ангеловски…Човек повеќе во одбрана или во среден ред?!

Пишува: Никола Ѓуровски

После битка сите се генерали. Но, сега, пред финалната битка, само еден војсководач. Игор Ангеловски ја подготвува Македонија за најголемата пресметка во историјата. Вечерва (18 часот) во Тбилиси Македонија ќе го игра натпреварот за кој некогаш само сме сонувале – со победа да се пласираме на Европско првенство. И ривалот не е супер – велесила, туку Грузија, која реално, можеме да ја победиме. 

Нема да биде лесно, ниту така наивно, финале е, голема битка, големо надмудрување. Се прават последните анализи, последните подготовки за финалниот меч. Аријан Адеми сака да игра, иако има мака со повредата на квадрицепсот, но сега е и прекупотребен со оглед на отсуството на Енис Барди. Без двајцата, тоа би била преголема „дупка“ во средниот ред. 

Речиси се е јасно, но Игор Ангеловски се уште анализира. Да ја расчисти и последната дилема. Како е подобро да стартуваме? Со човек повеќе во одбрана или во средниот ред? Има многу објаснувања и за едната и за другата формација. 

Македонија во последниот период игра во формација 3-5-2 и во таков случај би имале играч повеќе во средниот ред, таму каде што ќе се води главната битка. Адеми и Николов како дефанзивни играчи за врска, Стефан Ристовски на десната страна, но значително поофанзивно, во линија со Езгјан Алиоски од левата страна. Како главен креатор на играта ќе делува Елиф Елмас, кој од позадина може секогаш да се придодаде и во завршница, како засилување за капитенот Горан Пандев и за Илија Несторовски.

Во ваков случај, густи сме во средина, но со трио позади, Бејтулаи – Велковски – Муслиу. Но, треба да се внимава и на фактот дека Бејтулаи беше повреден речиси еден месец, а и Стефан Ристовски не е во силен натпреварувачки ритам во Спортинг Лисабон. 

Оттаму и дилемата. Дали Стефан Спировски да биде повлечен назад, во одбранбена четворка, во средниот ред можеби да влета Тихомир Костадинов на десната страна, а Елиф Елмас да оди уште понапред кон Горан Пандев, кој би бил најистурен напаѓач во таа формација 4-4-2. 

Последна дилема за Ангеловски…Има уште неколку часа за да ја разреши до почетокот на финалната пресметка во Тбилиси.

         

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови