
Челниците на Пари Сен Жермен размислуваат да се преселат од легендарниот стадион „Паркот на принцовите“ во Париз, откако пропадна договорот со градот за купување на стадионот.
ПСЖ сакаше да инвестира 500 милиони евра евра во модернизација на стадионот, но пред тоа сакаше да стане негов сопственик. Градоначалничката на Париз, Ана Идалго ја отфрли можноста за продажба, поради што, како што пишува „ЕСПН“, клубот се врти кон ново решение.
А тоа решение е изградба на нов стадион на друга локација, со што „Паркот на принцовите“ би останал празен. Тој стадион е изграден во 1972 година, а ПСЖ се всели во него во 1974 година, четири години по основањето на клубот. ПСЖ досега има инвестирано околу 80 милиони евра во стадионот, но не сака да направи капитална инвестиција доколку не е сопственик.
„Многу сме разочарани од односот на градот Париз, кој на овој начин ќе ги избрка клубот и неговите навивачи од нивниот дом и целосно надвор од тој дел од градот. Покрај тоа, стадионот во сегашната состојба ќе продолжи да ги чини даночните обврзници десетици милиони евра годишно, а тој ќе стои празен бидејќи нема кој да игра на него. Долго преговаравме за купување на стадионот, а градоначалникот одлучи наеднаш да ги прекине преговорите и да се откаже од таа идеја. Ние не го сакавме ова, но мора да се свртиме кон нови опции“, изјави портпаролот на ПСЖ.
Засега нема детали за евентуална изградба на нов стадион, ниту пак е започнат некој проект, но ПСЖ не би имал финансиски проблем да изгради целосно нов стадион доколку има потреба од тоа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
