
Грузија и Македонија потрошија 45 минути од финалниот меч за пласман на Европското првенство, но резултатот е почетниот 0-0. Се покажува дека овој дуел ќе биде тежок и неизвесен и дека ќе решаваат нијанси. Можеби же бидат потребни и 120 минути, дури и пенали за да се добие победникот.
Окриашвили се закани кон голот на Димитриевски во 28.минута, но македонскиот голман беше внимателен, а најдобрата шанса во првиот дел ја имаше Горан Пандев. Капитенот на македонскиот национален тим со удар со глава од 14 метри фантастично шутираше во спротивниот агол, но Лорија со добра интервенција ја исфрли топката во корнер.
Тоа беше се во првиот дел, исполнет со многу тактичко надмудрување. 15 минути пауза и финалниот меч за ЕП продолжува…
Фото: www.uefa.com

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
