
Сонот стана јаве. Македонија ќе биде дел од Европското првенство во фудбал следното лето, откако ја совлада Грузија со 0-1 во финалната плејоф пресметка во Лигата на нации што се одигра во Тбилиси. Фудбалската икона Горан Пандев демонстрираше дел од својата магија во 56.минута, потпомогнат од Елиф Елмас и од Илија Несторовски кој асистираше, постигнувајќи го сигурно најважниот гол во кариерата.
Македонското божество се врати пред пет години, убеден од сегашниот селектор Игор Ангеловски дека Македонија може да оствари чудо, да се пласира на Европско првенство и заедно влегоа во проектот во која Пандев ги предводи некогашните „златни мадинци“ на Боби Милевски кои учествуваа на Европското првенство за селекции до 21 година. Сега ќе играат и сениорите, и тоа во Букурешт и во Амстердам, против Австрија, Украина и против Холандија.
Пандев ја имаше најдобрата шанса и во првото полувреме. Во 35.минута шутираше одлично со глава од 14 метри, но грузискиот голман Лорија одбрани.
Мечот почна со иницијатива на Грузијците, Окриашвили се закани од далечина, но Димитриевски беше сигурен. По половина час од играта Македонија тргна поофанзивно, а конечниот удар го зададе Горан Пандев во 56.минута. Елиф Елмас одлично повлече по левата страна, одигра во триаголник со Илија Несторовски и со Пандев, а капитенот погоди на вистинското место.
Потоа се отвори повеќе простор за Македонија, Елиф Елмас имаше одличен удар од дваесетина метри, но за малку крај голот.
Грузијците немаа одговор по примениот гол, иако Качарава се обидуваше заедно со Казиашвили. Македонија е на ЕП, првпат во историјата!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
