
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ би можел да биде повикан во репрезентацијата на Шведска за квалификациите за ЕВРО 2024 во март.
Златан Ибрахимовиќ последен пат се појави на теренот во мај минатата година. Тој минатото лето имаше операција на коленото, а се рехабилитираше во последните неколку месеци.
Сега напаѓачот е сѐ поблиску до враќање на теренот. Ветеранот е многу мотивиран да биде подготвен за осминафиналето на Лигата на шампионите против Тотенхем.
Закрепнувањето на Ибрахимовиќ е добра вест и за шведската репрезентација. Својот последен настап во националните бои напаѓачот го имаше во март на натпреварот од плејофот на Светското првенство против Полска.
Вкупно за националниот тим одигра 121 натпревар и постигна 62 гола, што го прави најдобар стрелец во историјата на Шведска. Иако веќе има 41 година, селекторот на шведската репрезентација Јане Андерсон е отворен за негово враќање.
„Разговаравме неодамна. Имаме добри односи. Доколку се опорави од повредата и се чувствува добро, тој ќе биде многу интересна опција за нас. Годините не се важни и не сум загрижен за формата. Тој дава многу и во соблекувалната и на теренот. Фантастично е како може да влијае на младите играчи“, изјави Андерсон.
Следните натпревари за кои би можел да биде повикан Ибрахимовиќ ќе бидат на 24 и 27 март. Шведска во квалификациите за ЕП 2024 прво ќе се сретне со Белгија, а потоа со Азербејџан.
Други противници на Шведска во квалификациската група се Австрија и Естонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” агол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
