Connect with us

Благојче Дамевски ќе ја предводи Победа во пролетниот дел од сезоната

Благојче Дамевски ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на Победа. Тој во пролетниот дел од првенството ќе се обиде да му обезбеди опстанок на прилепскиот прволигаш.


Дамевски, кој е поранешен долгогодишен капитен на Победа, беше дел од стручниот штаб на тимот и во есенскиот дел од шампионатот, а сега по заминувањето на Бобан Бабунски ќе ја преземе палката.

Бабунски замина од Победа на едно коло пред крајот од есента поради финансиски проблеми, а денеска е именуван за нов тренер на Пелистер.

Првата прозивка на Победа ќе биде на 9.јануари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови