Connect with us

Брегалница го доведе Давид Калпачки

Македонскиот прволигаш Брегалница го ангажираше првото засилување за пролетниот дел од шампионатот. Нов фудбалер на „сините“ од Штип е поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Калпачки кој доаѓа од редовите на ФК Скопје.


22-годишниот Калпачки, кој до изминатата година беше член на младата репрезентација на Македонија, ќе го засили средниот ред на тимот на Горан Здравков. Со ангажманот на Калпачки, Брегалница продолжува со сопствената интенција за поддршка и промоција на млади и талентирани фудбалери на кои треба да се гради и тимот.

Калпачки потекнува од младинската школа на Хоризонт Турново, играше во својата кариера и за Беласица како и за словенечка Крка, од каде на почетокот од сезонава потпиша за Скопје. Сега, низ продолжението на првенството, ќе го носи синиот дрес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови