
Холандија одигра само 1-1 против Еквадор во второто коло од групата А на Мундијалот и не успеа веднаш да обезбеди пласман во втората фаза. Холанѓаните поведоа во шестата минута со голот на Коди Гакпо, но одличниот Еквадор израмни во 49. минута преку Енер Валенсија.
Легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен го критикуваше капитенот Вирџил ван Дајк по натпреварот во холандското телевизиско студио. Го обвини за голот на Еквадор бидејќи мислел дека воопшто не обрнувал внимание на најопасниот еквадорски играч. Тој го критикуваше и пристапот на Ван Дајк
„Само стоеше и го пушти Валенсија да шутира. Што гледа и што чека? Мора да биде на играчот и да не му дозволи да шутира кон голот. Не е лидер, не му е гајле за ништо во тимот. Има многу врева околу него, но не, не гледам ништо конкретно“, изјави Ван Бастен, кој не беше првиот што го критикуваше дефанзивецот на Ливерпул.
Но, следеше и одговор од Ван Дајк.
„А што да правам сега со тоа што го кажал Ван Бастен? Лесно е да се зборува од студио. Никогаш не кажува ништо позитивно. Вели дека не сум вистински капитен? Не знам што да му одговорам. Го водам тимот најдобро што можам“, изјави Ван Дајк.
Марко ван Бастен беше дел од селекцијата на Холандија која го освои Европското првенство во 1988 година. За Холандија одигра 58 натпревари и постигна 24 гола пред да ја заврши кариерата во 1995 година на 30-годишна возраст поради повреди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
