Најтрофејниот македонски клуб Вардар повторно е лидер на табелата во Втората лига откако славеше против Тетекс на дуелот во Велес со 0-2. Николовски во 31.минута и Мицевски во 60.минута беа стрелци на головите за „црвено-црните“.
Гостивар одигра само 1-1 против Детонит Плачковица на домашен терен и мораше да му го препушти врвот на Вардар. Домаќинот дојде во водство по еден час игра со голот на Ѓорѓи Танушев, но Детонит возврати само две минути подоцна. До крајот, гостиварци се обидуваа да дојдат до триумф, можеби можеа да добијат и најстрога казна, но, сепак, остана нерешениот епилог.
Пелистер направи голем пресврт и славеше со 2-3 на гости кај Локомотива Пехчево иако претходно домаќинот водеше со 2-0.
Воска Спорт го совлада Охрид со 3-0. Изаир Емини беше двоен стрелец, а погоди и Бехар Фета.
Беласица славеше против Кожуф со 3-1 со головите на Милушев, Радојчиќ и на Митевски, а Слога Виница и Арсими ремизираа без голови.
Каменица Саса и Караорман одиграа 2-2, додека Беса го совлада Борец со 3-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













