
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој поради повреда го пропушти првиот натпревар на Светското првенство во Катар, денеска тренираше со тимот.
На денешниот тренинг, кој беше отворен за јавноста, Лукаку учествуваше во вежбите со топка со остатокот од тимот.
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, во четвртокот изјави дека треба да се види како Лукаку ќе реагира на тренинзите и додаде дека доколку е подготвен ќе биде во тимот.
„Одлуката ќе биде донесена ден пред натпреварот. Тоа е пред се чисто лекарска одлука“, изјави Мартинез.
Репрезентацијата на Белгија во првото коло од групата Ф победи против Канада со 1-0, додека во следното коло в недела од 14 часот ќе игра против Мароко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
