
Фернандо Сантош, 68-годишниот селектор на репрезентацијата на Португалија, вели дека е навистина среќен што работи со Кристијано Роналдо. Двајцата беа во голема мера одговорни за освојувањето на европската титула во 2016 година, а сега веројатно се на последното големо првенство како селектор и играч.
Кристијано Роналдо стана првиот играч во историјата кој постигнал голови на пет светски првенства. Тој го отвори резултатот против Гана со пенал во 65. минута кој сам го изнуди, а Португалија победи со 3-2.
Португалецот досега постигна гол на четири првенства, достигнување што го имаа и кралот на фудбалот Пеле, Германците Уве Зелер и Мирослав Клосе, како и Лионел Меси.
„Мислам дека Кристијано е феномен, легенда. . „Уште 50 години ќе зборуваме за него“, изјави Фернандо Сантош.
„Кристијано Роналдо е феномен, исто како Пеле, Марадона, Меси и така натаму. Тоа се луѓе за кои и по 50 години ќе се зборува. Еден од луѓето како нив за кои најмногу зборувам со моите пријатели е Еузебио да Силва. Со кого имав среќа да играм пред 50 години и кој за мене беше еден од најдобрите играчи во светот“, истакна селекторот на Португалија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
