
Бразил оствари триумф (2-0) против Србија на стартот на Светското првенство во Катар. Србите имаа сили да се држат еден час, но потоа влегоа во машинеријата на Бразилците.
Рафиња на почетокот на вториот дел не искористи ѕицер, а Алекс Сандро потоа упати „бомба“ од 30 метри која заврши во дирекот на Вања Милинковиќ-Савиќ.
Бразил поведе со 1-0 со голот на Ришарлисон во 62.минута. Нејмар го проигра Винисиус Жуниор, српскиот голман одбрани, но, топката се одби директно до Ришарлисон кој од пет метри ја погоди мрежата.
Вториот гол на Ришарлисон беше фантастичен. Тој изведе атракција во 73.минута и го реши натпреварот.
Фред потоа ја погоди и гредата, Вања Милинковиќ-Савиќ имаше уште неколку одлични одбрани, па Србија може да биде среќна и со два примени гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal