Репрезентациите на Кореја и на Уругвај не понудија премногу возбудувања и допадлив фудбал во меѓусебниот меч на Светското првенство. Напротив, беа премногу внимателни и дури во финишот се обидоа да стигнат до евентуален триумф. На крајот, дуелот заврши без голови.
Диего Годин со удар со глава го погоди дирекот во последните моменти од првиот дел, а потоа Дарвин Нуњез имаше сериозен обид. Најблиску до погодок беше Феде Валверде кој со удар од далечина го погоди местото каде се спојуваат дирекот и гредата.
Хјонг – Минг Сон беше најопасен во корејската селекција, но не успеа да ја затресе мрежата на Уругвај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal